Кривична против Илија Србиновски за корупција во земјоделство
Актуелниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски побарал од јавното обвинителсто преку одделот за истрага за организиран криминал и корупција да се покрене кривична пријава против Илија Србиновски како директор на подрачната единица на министерството во Битола за сторени повеќе малверзации со државно земјиште и користење на финансиска помош. Претходно Николовски откри повеќе детали за работата на екс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој заедно со неговото семејство добиле земјоделска обработлива земја со површина од 45 хектари и високи субвенции и има сомнежи за корупција и судир на интереси.