Кичевчанец грабнал жена и ја силувал
55 годишниот Р.П од кичевско Колибари грабнал 39 годишна жена од село Јакранево, Прилепско и два месеца ја држел во неговата куќа, каде ја силувал и физички ја малтретирал. Жената успеала да побегне од заклучената куќа, по што ја нашла полициската станица во Кичево каде го пријавила случајот. Против Р.П е поднесена кривична пријава за лишување од слобода и силување и му е одредена мерка притвор од 30 дена.