Нови мамографи за подобра превенција од рак на дојка
Министерството за здравство при одбележување на светскиот ден на борба со ракот на дојката пренесе дека се набавени шест нови мамограми кои ќе се користат веднаш во клиниките во Скопје, Прилеп, Куманово, Кавадраци, Штип и Кочани, а наскоро ќе бидат набавени и апарати за детекција во Гевгелија, Радовиш, Велес и Македонска Каменица. Исто така е посочено дека со бесплатен скрининг сега се опфатени сите жени над 50 години кои имаат и најголеми ризик фактори, а од 2016-та година со мамографски тестови ќе бидат прегледани сите жени на возраст од 50 до 69 години.