Закана до Вучиќ: „Ќе завршиш како Чаушеску!“
Јавното обвинителство во Србија распиша потерница по поранешниот водител Радомир Почуча поради упатени закани до премиерот Александар Вучиќ.
На својот Фејсбук профил водителот напишал: „Премиерот ќе заврши како комунистичкиот романски претседател Николае Чаушеску“. Се очекува за брзо време да се преземат соодветни мерки против Почуча.