АГУЕРО: СРЕЌЕН СУМ ВО МАНЧЕСТЕР СИТИ
Феноменалниот аргентинскиот репрезентативец и напаѓач Серхио Агуеро ги демантираше гласините за премин во Реал Мадрид и повторно напомена дека клубот во кој се чувствува среќен, не се напушта, објавија шпанските медиуми.
„Клубот се напушта кога во него не можете да постигнете врвни цели, а тоа кај мене не е случај“, рече Агуеро за Ел Мундо Депортиво и додаде дека “не може да ги запре гласините, но може да рече дека е среќен во Сити“.
„Постигнував успеси во последните четири сезони во овој клуб и сакам уште трофеи. Нормално дека ми е приоритет повторно да ја освојам Премиер лигата, но триумф во Лигата на шампионите ќе ми биде остварување на сонот“, изјави Агуеро кој во Манчестер Сити пристигна во 2011 година и постигна 107 погодоци.
Тој со многу успех настапи во изминатите неколку години каде во дресот на „граѓаните” Агуеро освои две титули во Премиер лигата (2012 и 2014 година), освои еден Лига Куп и еден Комјунити Шилд.