Во Тетово секојдневни рестрикции на вода
Во Тетово секојдневни планирани прекини во водоснабдувањето. Од јавното комунално претпријатие Тетово велат до сега немало рестрикции, а прекините кои се случувале во некои домови биле поради недостигот од вода. Тоа е и главната причина за секојдневните рестрикции.
Тетово ќе биде без вода од 17 часот до 19 и 30 во текот на денот и од 1 часот до 4 и 30 изутрина.
Нерационалното трошење на водата е уште еден дополнителен проблем. Од ЈКП велат дека до наредната недела очекуваат да се нормализира состојбата со водата за пиење. Поради ваквата состојба активирани се 4 дополнителни бунари со кои располага градот. Оттаму апелираат до граѓаните за рационално трошење на водата и навремено пријавување на настанати дефекти.