Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарска војска на македонска граница – Потегот со мигрантите исправен

Бугарска војска на македонска граница – Потегот со мигрантите исправен

Распоредувањето на воени сили на границата со Македонија е уште еден знак дека во Европа започнува да владее „мала“ паника од напливот на мигранти кои непрестано доаѓаат од воените региони на Сирија, Ирак, Авганистан и Пакистан, но и од многу сиромашните африкански и азиски држави.

Бугарија е свесна дека мигрантите нема премногу да ризикуваат со навлегување на нејзина територија иако во изманиот период имаше повеќе обиди за транзит, но со шверцување на криминалци.

Чувањето на граничните премини преку војници со многу опрема индиректно и ја легитимира одлуката на Македонија да ја контролира својата јужна граница каде мигрантите не беа спречени да влезат на наша територија, туку само да бидат евидентирани и притоа да им се укаже помош ако им е потребно.