Хуманиот Бетмен загина на автопат
Леонард Робинсон или познат како хуманиот Бетмен го загуби животот во сообраќајна несреќа. Робинсон патувал со својот „Бетмобил“, црно Ламборџини кое застанало на најбрзата лента. Тој излегол да го провери моторот по што бил удрен од Toyota Camry, чиј возач пак, не е повреден.
Хуманиот Бетмен стана познат по тоа што во костум на суперхеројот посетуваше голем број на болни дечиња исполнувајќи им ги желбите да го сретнат омилениот лик. Робинсон за своите дела годишно трошеше околу 25 илјади долари од сопствените пари само за да изгледа автентично како Бетмен, патувајќи од болница до болница носејќи им радост на дечињата со тешки здравствени состојби.