Хендрикс подготвен да се приклучи на репрезентацијата
Од таборот на македонската кошаркарска репрезентација соопштија дека Ричард Хендрикс, американецот со македонски пасош, е подготвен да се приклучи на тимот и ќе влезе во пријателските натпревари откако е проценето дека ја постигнал посакуваната форма.
„Не сакавме да ризикуваме со Хендрикс за порано да почне со натпревари. Тој работи со кондициониот тренер и ќе биде во составот за дуелот кој во петок го играме во Гевгелија против Венецуела“, изјави селекторот Србиновски. Кошаркарот надоместувал со тренинзите пред да се приклучи на тимот.
Македонија ја очекуваат и пријателски натпревари на силни турнири низ Европа, пред стартот на Евробаскетот во Полска.