Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКошаркарите поразени од силната Турција

Кошаркарите поразени од силната Турција

Македонската кошаркарска репрезентација забележа втор пораз во подготвителниот период, овој пат од Турција со 85:68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14). Турските кошарките одиграа одличен натпревар со прецизни шутеви и квалитетна игра во напад и одбрана, а во македонскиот состав најефикасен е Ричард Хендрикс со 18 поени. Кошаркарите продолжуваат со пријателските натпревари во Шпанија, а ги чекаат уште четири контролки пред настапот на Евробаскетот во Загреб.