Wednesday, May 8, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонПаѓаат цените на Galaxy S6 и S6 Еdge

Паѓаат цените на Galaxy S6 и S6 Еdge

За да биде еуфоријата уште поголема, Samsung ги намалува цените на Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge, кои наскоро ќе бидат достапни со поприфатливи цени. Финансиските резултати на Samsung за вториот календарски квартал од 2015 година кажуваат дека компанијата има пад на профитот од 8% заради слабата продажба.

Samsung изјавува дека втората половина ќе биде тешка за продажба и затоа планира да продолжи со иновации и намалување на цените. Првиот потег во оваа партија шах ќе биде намалување на цените на Galaxy S6 и Galaxy S6 Еdge, а потоа лансирање на нови модели од висока класа. Допрва треба да дојдат Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge + на Unpacked настанот на 13 август.

Извор: telefoni.mk