Friday, Apr 26, 2024

Дали ДУИ  националистички се позиционира пред составувањето на владата:Министерот Нухиу го потпиша актот за двојни натписи на полициските униформи

На 5 дена пред истекот на рокот од 10 дена, во кој лидерите на парламентарни партии/коалиции треба да договорат ново владино парламентарно мнозинство, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу,држејќи плакета,  соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и албански јазик. Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу ја презема функцијата минитер од неговиот претходник, Наќе Чулев.
 „Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.

Дали ова е „новиот договор“ за формирање на влада помеѓу СДСМ и ДУИ, или пак е покачување на цената на ДУИ и позиционирање кон СДСМ, во новата распределба на коалицискиот „колач“, и дали ова е цената која СДСМ треба да ја „плати“, за ДУИ да се откаже од предизборното ветувања за PSE JO, Насер Зибери и преку овие етнички добивања лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сака да го бајпасира откажувањето од предизборното ветување, се прашања кои лебдат во воздух. Официјално, се уште нема никаква информација од ниту една политичка партија, дека контурите на  идната македонска влада полека, но сигурно се договараат.