Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика79 отсто од поддржувачите се за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, покажа анкетата на „Макфакс“

79 отсто од поддржувачите се за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, покажа анкетата на „Макфакс“

Четворица од пет поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ или 79 отсто од поддржувачите и симпатизерите на партијата се согласуваат со тврдењето дека во опозициската партија се потребни реформи, покажа најновата анекта на агенцијата „Рејтинг“, изработена за „Макфакс“.

На прашањето колку се согласувате со тврдењето дека во ВМРО-ДПМНЕ се потребни реформи, високи 79,3 отсто од испитаницитге се согласуваат, а 18,2 отсто не се согласуваат.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ може да се врати на власт со или без внатрепартиски реформи, резултатите покажуваат дека 42,1 отсто од оние што сметаат дека во партијата се потребни реформи исто така сметаат и дека без нив е невозможно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт.