Wednesday, May 8, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие X7 ''средби со вонземјани" за светскиот НЛО ден

7 ''средби со вонземјани" за светскиот НЛО ден

Дали сме сами? Не спрема тие што го слават светскиот НЛО ден. Секоја година на 2ри јули, НЛО ентузијастите го слават можното постоење на живот надвор од нашата планета.

Нуренберг, Германија, Април 1561

Сведоците опишуваат крстови, големи плочи и други чудни објекти во небото како војуваат едни со други. Цртежи од тоа време го опишуваат овој настан.
Nuremberg1561

Аурора, Тексас, Април 1897

Локалното население наводно тврди дека летачки објект во форма на пура се удира во ветерница, правејки истата да се сруши. Од леталото извлечен е вонземјанин кој бил закопан во немаркиран гроб, според легендата. Тексашката комисија за историја постави знак “Легендата вели дека вселенски брод се сруши во близина и пилотот, мртов од несреќата, е закопан тука”

Росвел, Јули 1947
Росвел постана синоним за НЛО. Ранчер откри остатоци од урнат летачки објект. Некои луѓе тврделе дека тоа се остатоци од вселенско летало и дури виделе вонземјански тела. Воздушните сили во 1994 изготвиле извештај во кој стои дека тоа биле балони за надгледување и дека телата биле кукли. Многу луѓе тврдат дека тогашните власти во Америка се обидувале да прикријат посета од вонземјани.
roswell8n-4-web

Вашингтон, Јули 1952

Серија од здогледувања на НЛО се случиле во главниот град на Америка. Националниот аеродром во Вашингтон тврди дека истите летала ги има “фатено” на радар. Мајор генерал Џон Самфорд одржал прес конференција на крајот на јули 1952 година во која првата реченица што ја изговорил била ; “Тука сум да дискутирам за таканаречените летачки чинии”.
За настанот властите тврделе дека од топлина дошло до одбивање на брановите кои го нарушиле радарскиот систем.

Чикаго, Ноември 2006

Објект бил забележан како лета на портата ц-15 на аеродромот О’Хара. Очевидците се налутиле зашто ниту аеродромот ниту властите вложиле некаков труд да откријат за какво летало всушност се работи.
Стефанвил, Тексас, Јануари 2008
Многу луѓе тврдат дека виделе летечки објект како лета ниско со многу силни светла, двете воени бази во близина кажале дека ниеден нивни авион не бил во воздух тоа време.

Ерусалим, Јануари 2011

Сведоци и најмалку 3 камери тврдат дека фатиле силна светлина како лета над Палатата на каменот во Ерусалим, која наеднаш летнала во височина. Израелска телевизија пренела дека тоа било лага.