Saturday, Apr 27, 2024
HomeСТУДЕНТУМ5 знаци ви кажуваат дека сте преоптоварени со работа

5 знаци ви кажуваат дека сте преоптоварени со работа

Живееме во брзо општество што премногу бара од нас. Во трката за кариера и добро работно место, се случува да станеме воркохолици. Ако работиме многу цело време ќе го “прегрееме” организмот, а тоа ќе се одрази штетно на нашето здравје. Неколку знаци ви кажуваат дека сте се “преработеле”.

1. Вашиот мозок едноставно не сака да се “исклучи”
Се чувствувате преморени, а вие не можете да заспиете. Во главата постојано ви се вртат работите кои не ви се завршени. Со тоа повеќе го оптоварувате мозокот и следното утро ќе се разбудите изморени.

Заборавете на работата барем половина час пред да си легнете. Направете некоја активност која ве опушта, на пример испијте чај од камилица или направете си топла купка. Ќе ви помогне и ако направите список со обврски за следниот ден, така ќе може мирно да спиете без да мислите дека нешто ќе заборавите.

2. Вашата меморија на кратки стази е катастрофа
Заборавате каде сте ги оставиле клучевите или за што сте разговарале пред малку. Ако ова ви се случува често, тогаш е знак дека мозокот ви е толку преоптоварен што се одразува негативно на помнењето скорешни ситници.

Освен одмор, ви недостасуваат и витамини. Погрижете се да внесете доволна количина на Б комплекс и железо. Овие работи ќе ви ја зголемат енергијата и ќе ви помогнат да останете фокусирани.
Overworked-man3. Кафето не помага повеќе
Често се “потпираме” на кафето во обидот да го протуркаме денот. Се случува да го испиете петото кафе и се уште да не можете да го “стартувате системот”. Тоа е така затоа што од преголем замор, организмот престанува да реагира на кофеин.

За да си помогнете мора да правите паузи во текот на денот. Служнете ја омилената песна или направете друга активност која ќе му помогне на вашот организам да се опушти и да се “наполни” за следната задача.

4. Вежбањето ве преморува
Воопичаено по вежбањето се чувствувате опуштени и освежени, но во последно време, вежбањето ве преморува. Тоа значи дека ресурсите во вашето тело се исцрпени.

Во ваков случај правете нешто што го опушта телото како јога или некоја друга смирувачка активност.

5. Се ве нервира
Секој има лош ден кога изгледа дека ништо не оди како што треба, но кога тоа се случува секој ден имате проблем. Недостатокот на сон ќе направи да ви пречи буквално се околу вас и постојано ќе се чувствувате нервозни.

Во овој случај, најдобар лек е сонот. А најдоброто што можете да го направите за себе е да земете слободен викенд за да се наспиете убаво.