Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика3000 евра помош за семејствата на загинатите во невремето

3000 евра помош за семејствата на загинатите во невремето

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, која започна со 1 минута молк во знак на загинатите од поплавите, едногласно со 29 гласа беше донесена одлука за еднократна парична помош во вредност од 3000 евра за секој загинат во едно семејство по вчерашната поплава.

Според градоначалникот Коце Трајановски синоќешното невреме било како „водена бомба“ која паднала врз Скопје.

Тој на седницата даде отчет за синоќешната акција, и објасни дека во Стајковци и Сингелиќ тимовите за спасување успеале да се пробијат во 21 часот со помош на специјалните сили на МВР и армијата.

Трајановски рече дека низ регионот под Скопска Црна Гора со граѓаните биле до 4 часот наутро, а веднаш потоа имале состанок со сите безбедносни институции и надлежни за безбедност и спасување.

Градските власти предложиле до Владата да прогласи ден на жалост, а Скопскиот и Тетовскиот регион да се прогласат за кризни места.

Членовите на Советот од СДСМ рекоа дека тие се максималмо конструктивни и ги поддржуваат активностите на терен, но сакаат и бараат да бидат дел од сите тимови и комисии кои ќе ги прават проценките од поплавите. Воедно од СДСМ повикаа најдоцна до утре да се свика итна седница на Советот на Град Скопје за доделување на помош и за оние граѓани кои претреле огромни материјални штети.

Извор: novatv.mk