Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје15 Жртви после синоќашното силно невреме, шест лица изчезнати

15 Жртви после синоќашното силно невреме, шест лица изчезнати

Најмалку 15 лица го загубија животот во големото невреме кое синоќе го зафати Скопје, а шест лица се водат како изчезнати потврди скопската полиција. Од полицијата соопштуваат дека жртвите најмногу биле од североисточниот дел на Скопје кој најмногу бил погоден од синоќашното невреме. „До утрово до 8:30 часот нашите служби регистрираа 15 мртви лица во местата Стајковци, Смилковци и Ченто“, изјави Лиза Бендевска, портпаролката на скопската полиција.

Според првите информации, починатите лица биле од различна возраст и во тек е идентификацијата. Невремето кое синоќе го погоди Скопје, траеше повеќе од пет часа и нанесе голема штета. Во текот на ноќта паднале 93 литри дожд на квадратен метар, а во првите два часа од неремето биле регистрирани 800 громови.

Поголемиот дел од главниот град на Македонија синоќа беше поплавен, водата влезе и во подрумите на стамбените згради, го поплавила и Клиничкиот центар, носела дрва, а многу од граѓаните биле заглавени со своите возила во сообраќајот. Градската власт во Скопје денес ќе одржи седница по повод невремето околу договор за штетата која беше направена, а градските служби, војската и полицијата работат на расчистување.