Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион126 неексплодирани мини најдени кај Параќин

126 неексплодирани мини најдени кај Параќин

Членовите на специјализираната руско-српска единица за хуманитарно деминирање во регионот на српскиот град Параќин откри 126 неексплодирани мини, пренесе Танјуг.

– Единицата деминира територија од 306.380 квадратни метри, во која најде, извади и деактивира 126 различни експлозивни направи, информира директорот на Центарот за деминирање на Србија, Бранислав Јовановиќ.

Во деминерската екипа има 14 руски и седум српски деминери и таа годинава е ангажирана во деминирање на 577.584 квадратни метри во регионот на Параќин, во источна Србија. Работата на оваа специјализирана екипа ќе продолжи до крајот на септември.