Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНеексплодирани рачни бомби и граната пронајдени на кров во Чаир

Неексплодирани рачни бомби и граната пронајдени на кров во Чаир

Две неексплодирани рачни бомби и една рачна граната пронашле работници што менувале ќерамиди на куќа во Скопје. Случајот бил пријавен во полициската станица Бит-пазар завчера напладне. Според сопственикот на куќата Н.С. (56) од село Лојане дента работници менувале ќерамиди на покривот од неговата куќа лоцирана на улицата Цветан Димов во Скопје.

Работниците забележале бомби и веднаш прекинале со работа по што било пријавено во полиција. Подоцна било утврдено дека станува збор за две неексплодирани рачни бомби и една рачна граната во калибар од 75 милиметри. Тие биле безбедно отстранети. Вештачењето треба да утврди од кога потекнуваат бомбите.