Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКовчег со неексплодирани гранати пронајден во близина на кумановската железничка

Ковчег со неексплодирани гранати пронајден во близина на кумановската железничка

Повеќе парчиња неескплодирани гранати биле пронајдени вчера во 14:45 часот во близина на Железничката станица во Куманово, соопшти денеска Регионалниот Центар за управување со кризи. По информација од полицијата, на местото на настанот веднаш излегле екипи на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово, Гоце Илиќ, информираше дека станува збор за парчиња од Втората светска војна.

– Теренот е исчистен, бојните средства однесени се на безбедно место. На локацијата биле пронајдени 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми против авиони 20 мм, дел од граната ЗИС, запалки од гранати 8 и испукани чаури – истакна Илиќ и додаде дека ова е прв пат по подолг период како е пронајдена поголема количина на неескплодирани средства.

Тој информираше дека на местото на настанот, работници од градежна компанија вршеле ископ и дека во близина биле пронајдени и два речиси целосно уништени од времето, кородирани сандуци, каде што веројатно биле складирани парчињата.