Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиЗошто не треба да го пропуштите Пиволенд кој започнува вечерва

Зошто не треба да го пропуштите Пиволенд кој започнува вечерва

Вечерва започнува новото издание на Пиволенд на скопско Кале со богати содржини како и секоја година, па ако се мислите дали да отидете еве ви неколку причини кои сигурно ќе ве убедат.
1. Дегустација на над 150 видови пиво. На 20-те пивски штандови ќе имаме можност да пробаме над 150 видови пиво, а од пиварите најавуваат акциски промоции на одредени продукти. Од официјалното пиво на Барселона, до домашни пченични пива на првата крафт македонска пивара, најдоброто германско пиво Лефе, македонските Староградско, Златен Даб и Македонско, Гинис, Пауланер, Корона, па се до пивски коктели за првпат на нашиот пазар.

2. Три музички стејџа за сите музички вкусови. На првиот дел од фестивалот ќе уживаме во одлична музика. Од 18:00 на главната сцена ќе свират победниците од натпреварот за млади бендови: The Chicks иThe Planctons. По нив следуваат Блек енд Вајс Социал Клуб, Влатко Илиевски и Акустик Дивижн, Рибља Чорба и за крај дј атракцијата – Дуоз. На Бла Бла стејџот со почеток од 20:00, ќе слушаме андерграунд македонска музика, а на електро стејџот тројца одлични надежни диџеи.

3. Преубавата локација. Скопското Кале е најубавиот симбол на Скопје, место како создадено за вакви настани. Самата локација многу придонесува за атмосферата на фестивалот. Влезот е бесплатен, а има и многу комфорни зони каде што може да седнете доколку се изморите.

4. Забавни активности. Секоја година Пиволенд освен пивската и музичка понуда, на посетителите им нуди голем број забавни активности. Игротеката за возрасни е најпосетено место за забава, се игра беер понг, табла, фудбалче. Покрај тоа има акциско катче со мечување, стрелаштво, кендо, како и базар на ракотворби. Најинтересно е тоа што сите посетители ќе можат да испраќаат мислења и пораки кои ќе бидат прикажувани на видео екрани на самиот фестивалот.

5. Голем избор на гурмански мезиња. Пиволенд е идеално место за сите гурмани, бидејќи покрај пивото може да уживаат во германски колбасици, баварски переци, начос, поховоан кромид, хот дог, скара, грицки, а може и да едуцирате со каков тип на пибо најдобро одат гурманските деликатеси.