Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗНМ обвини за кукавички акт на обезбедувањето на Груевски против новинарите

ЗНМ обвини за кукавички акт на обезбедувањето на Груевски против новинарите

По вчерашниот инцидент во телевизијата 21, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да брише снимки, реагираше ЗНМ.

Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани го осуди чинот.

-„Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите. Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразувањето е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право него да го снимаат.“

Се очекува денеска МВР да излезе со официјална инфорнмација за тоа што се случило, и што ги потикнало полицајците да влезат во ТВ 21.

Инцидентот се случил додека Груевски и неговото семејство биле на прошетка по улица Македонија. Обезбедувањето веднаш интервенирало откако забележале дека новинар го снима лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие упаднале во телевизијата, го легитимирале новинарот и од неговиот мобилен телефон ги избришале снимките.