Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЖолтата гитара на Принц продадена за 137.000 долари

Жолтата гитара на Принц продадена за 137.000 долари

Во Калифорнија на аукција беше продадена познатата жолта гитара на која свиреше неодамна починатиот американски музичар Принц. Продажната цена на оваа гитара изнесуваше 137.500 долари. Организаторите во описот на овој инструмент на кој некогаш свиреше славниот уметник Принц напишаа дека ова била неговата омилена гитара.

На аукцијата одржана во американската сојузна држава Калифорнија гитарата ја купи Џим Ирси, сопственик на еден американски фудбалски тим. Жолтата гитара била направена кон крајот на осумдесетите години во Минеаполис, а Принц на неа свирел на бројни концерти се до средината на девеесетите години од 20 век.

Принц