Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНа 13 октомври голем концерт во чест на музичката ѕвезда Принц

На 13 октомври голем концерт во чест на музичката ѕвезда Принц

Стиви Вондер, Кристина Агилера и дурги звучни имиња од светската музичка естрада ќе учествуваат на концертот во чест на својот покоен колега на 13 октомври во неговиот роден Минеаполис. Сестрата на Принц нешто порано изјави дека концертот ќе биде одржан на новиот стадион во Минеаполис кој може да прими до 20.000 луѓе.

prins-f2

„Среќни сме што можеме да им пружиме прилика на бројни различни музичари да му оддадат почит на нашиот брат“, нагласи полусестрата на Принц Шерон Нелсон и додаде дека се очекува и учество на пејачката Чеке Кан која соработувала со познатиот пејач.

s-vonder-k-agilera

Принц или „детето од Минеаполис“ беше еден од најголемите светски музичари од осумдесетите и девеесетите години на минатиот век со големите светски хитови како „Cream“ и „Kiss“ со кои оствари неверојатен успех. Многумина сметаат дека негов најголем хит е песната „Purple rain“, за која доби Оскар за оригиналната песна во истоимениот филм од 1985 година.