Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЖито маркети со акцијата „Навика да добивам повеќе“ во кумановската болница

Жито маркети со акцијата „Навика да добивам повеќе“ во кумановската болница

Жито Маркети преку кампањата „Навика да добивам повеќе“ реализира нова, четврта по ред донација за Општата болница во Куманово, со соодветен санитетски материјал кој бил најмногу потребен и истиот ќе се искористи во повеќе оддели.

„Како дел од стратегијата на Жито Маркети за унапредување на општествената одговорност, овој наш долгорочен проект е показател дека успешно работиме и постојано се обидуваме да помогнеме онаму кај што е најпотребно. Особено сме благодарни на нашите лојални купувачи, кои кампањата ‘Навика да добивам повеќе’ ја донесоа и ја придвижуваат на друго повисоко ниво, преку кое сите заедно работиме за потребите на граѓаните, како и за општото добро на заедницата“, изјави Стојанче Тодороски, Маркетинг директор на Жито Маркети.

Donacija Zito Marketi_2 (1)

Ова е четврта здравствена установа во која Жито Маркети донираат неопходни средства за подобри услови на пациентите, како и за поуспешно и полесно работење на персоналот. Претходно, вакви донации беа направени во болниците во Велес, во Кичево и во Кочани.

„Среќни сме што Жито Маркети безрезервно се заложуваат да ги подобрат условите на болниците во Македонија. Искажуваме дополнителна благодарност кон нив што нè одбраа нас и задоволни сме со тоа што го прават за нашата болница. Ваквите акции се многу важен детаљ во градењето на едно подобро општество, кое преку солидарност ќе ги социјализира граѓаните, а со тоа ќе се помогне онаму каде што е најпотребно. Во нашата болница ваквиот тип на помош беше неопходна, а благодарение на Жито Маркети сега тоа е остварено. Апелирам до граѓаните, а исто така и до другите македонски компании, да спроведат и да ги поддржат ваквите хуманитарни акции, затоа што навистина е значајно и позитивно кога се грижиме едни за други“, истакна Д-р Ариф Латифи, Директор на ЈЗУ Општа Болница, Куманово.

Самата кампања е помогнатата и поддржана од страна на лојалните потрошувачи во ланецот на маркети со картичката „Навика да добивам повеќе“ која на самите купувачи им овозможува попусти и бенефиции, а исто така има и хуманитарен карактер, односно секој граѓанин што ќе посака да ја добие оваа картичка, тоа може да го направи бесплатно во било кој продажен објект на Жито Маркети, а компанијата ќе ја плати предвидената членарината, за потоа средствата да ги донира секаде каде има потреба низ општините во кои се присутни нивните маркети.