Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖерновски: Груевски е силен зад телефонот, а кукавица во судот

Жерновски: Груевски е силен зад телефонот, а кукавица во судот

Храбар и силен позади телефонот, уплашен и кукавица на Судот. Поранешниот претседател на Владата, сега претседател на најголемата опозициска партија, повторно избега од правдата.

Сето тоа го прави бидејќи се крие позади партизираното судство, за мене и за сите нас нема никаква дилема, рече градоначалникот на Општина Центар, Жерновски, пренесе А1он.

– Ова се последните мигови на Никола Груевски, верувам последните мигови на партизираното судство. Ова судење е доказ дека не е вистина тоа што го кажа во јавноста дека никогаш не повикал на насилство бидејќи можеше јавноста јасно да се увери каков е Никола Груевски.
Се надевам дека правдата ќе победи, дека ќе биде осуден тој и сите кои му помагаат во овие злодела затоа што без санкционирање не можеме да се надеваме дека ќе излеземе од кризата во која што се наоѓа Македонија.

Се уште верувам дека ќе бидат осудени тие кои ги вршат овие насилства, затоа што цела декада се наоѓаме под терор којшто го организира и спроведува Никола Груевски, рече Андреј Жерновски.