Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖбогар: НВО во Македонија се мета на обвинувања кои се користат за политички поени

Жбогар: НВО во Македонија се мета на обвинувања кои се користат за политички поени

Граѓанското општество во Македонија е мета на јавни политички обвинувања кои се користат за политички поени, а граѓанските активисти се дискредитираат и се етикетираат. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во Штип, во рамките на промоцијата на новиот повик на Европската Унија за граѓанските организации во земјава, вреден 5 милиони евра.

– Овој повик доаѓа во време на предизвик за граѓанското општество, кое е мета на јавни политички обвинувања што се користат за политички поени. Поларизацијата на општеството се одразува на граѓанските активисти кои јавно се дискредитираат и се етикетираат, па дури и нивните лични податоци јавно и незаконски се објавуваат, поради што граѓанските активисти се ограничени да учествуваат во проекти. За нас, граѓанското општество продолжува да игра важна улога во промоцијата на вредностите на ЕУ и во транспарентноста и отчетноста на институциите на државата и на локалните власти – изјави Жбогар.

Евроамбасадорот во моментот е на средба со градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, а неговата посета ќе заврши со средба со претставници на невладини организации од Штип и од регионот.