Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖбогар: Дојдено е време да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата

Жбогар: Дојдено е време да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата

Неопходно е единство и формирање на институциите во вашата земја, порача шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар при денешната посета на општина Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе”, која има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта што и ја дава Европската унија на Македонија.

– Секогаш постои вистинско време за многу прашања. Имаше време кое беше одредено за избори и време кое беше оделено за дискуси и за дебати после изборите. Мислам дека е сега време да се постави потребата за формирање на институциите, рече Жбогар, запрашан како ја коментира актуелната политичка ситуација во Македонија.

Како што јавува „ТВ21“, Жбогар додадал дека е дојдено времето кога сите во државата треба да ја научат лекцијата дека е време да се формира единство и сите да бидат обединети кон една иста цел.

– Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи, рече Жбогар.

Евроамбасадорот во Неготино се сретна со градоначалникот Ванчо Апостолов и ги посети проектите финансирани од ЕУ.