Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗградите и гаражите од Скопје 2014 добија свои имиња

Зградите и гаражите од Скопје 2014 добија свои имиња

Зградите од „Скопје 2014“ добија имиња. Зградата на новиот Археолошки музеј е преименувана во „Палата Александар Македонски“. На таблата, која е поставена неодамна пишува: „Александар Македонски е најголемиот и најпознатиот македонски крал, владетел на целокупната тогашна светска цивилизација“.

Новиот објект на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е крстен „Палата Света Лидија“. Пред неколку месеци беше пуштена во употреба и новата „Палата Панко Брашнаров“ во која е сместена Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги. Министерството за надворешни работи и државното обвинителство ги добија имињата Борис Сарафов и Петре Пирузе-Мајски.

Имиња на револуционери и настани од историјата добија и неколкуте катни гаражи во главниот град, како „Разловечко востание“, „Солунски конгрес“, „Тодор Александров“, „Македонска фаланга“ и „Смилевски конгрес“ која се уште се гради, во близина на зградата на холокаустот.