Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗголемена продажбата на земјоделските производи, откупот намален

Зголемена продажбата на земјоделските производи, откупот намален

Во второто тримесечје од 2016 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 17,3 отсто во однос на тој период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека е забележано намалување од 3,5 отсто кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 47,4 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај житата, индустриските растенија и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.

МИА