Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРуското ембарго шанса за македонските земјоделци

Руското ембарго шанса за македонските земјоделци

Откако Руската Федерација го продолжи ембаргото кон западните земји од ЕУ, САД, Канада, Норвешка и Австралија се отвора можност за пласман на македонското земјоделско производство. Во иста позиција македонските земјоделци беа и лани, но имаше одредени проблеми со сомнежи за реизвоз на производи што е забрането.

Tomatoes

Министерот за земјоделие Љупчо Цветановски за време на посетата на штипскиот регион истакна дека ќе се склучат повеќе договори за извоз на домати со Русија со што треба да се реши моменталниот проблем на македонските земјоделци кои задоцнија со производството поради лошите временски услови.

Од економските комори потенцираат дека Русија и покрај ембаргото не е лесно да се освои, но има начини за соработка со помалите руски региони и достава на квалитетни производи.