Friday, Mar 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВоз удри во „голф“ на пругата кај Кадрифаково, едно лице заврши во болница

Воз удри во „голф“ на пругата кај Кадрифаково, едно лице заврши во болница

pruga1-645x360

Вчеравечер околу 20:25 часот на патниот премин преку железничка пруга Кочани-Скопје, на локалниот пат с.Ерџелија- с.Кадрифаково, се случила железничка незгода во која моторна гарнитура сопственост на „Македонски Железници“ АД-Скопје удрила во патничко моторно возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (40) од Штип.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил возачот на патничкото возило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип.

Во периодот од 20.25 до 23.10 часот, за време на увидот од екипа на ПС Свети Николе, железничкиот сообраќај бил во прекин.