Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЗаврши снимањето на ,,Борба за смрт"- краткометражен македонски филм

Заврши снимањето на ,,Борба за смрт"- краткометражен македонски филм

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Борба за смрт“,по сценарио и во режија на Елеонора Венинова. Снимањето се одвиваше деновиве во мариовското село Кален

Главни актери се Мите Грозданов и Илија Струмениковски, кои толкуваат улоги на двајца старци кои се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село.

„Борба за смрт“,според авторката Венинова, е парадоксална драма која ги разоткрива дилемите за тоа што ќе се случи ако на човек, кој животот го свел на исчекување на смртта, одеднаш некој му го уништи планот за умирачка.

Зад ова филмско остварување стои продукција на „ДНФ филмс“,Гоце Кралевски,(продуцент)  и Димо Попов. Директор на фотографија