Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаврши распитот на Талески – дали битолскиот градоначалник ќе остане во куќен притвор?

Заврши распитот на Талески – дали битолскиот градоначалник ќе остане во куќен притвор?

Заврши распитот на градоначалникот на Битола. Владимир Талески тврди дека нема незаконитост во постапката со организирање јавен превоз во Битола, предмет што под името Транспортер го отвори СЈО и во кој тој се сомничи дека ја злоупотребил службената положба со тоа што протвзаконски општината го плаќала најскапиот превоз во светот.

– Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимкка да се конструира ваква политичка хајка. Постапката е транспарентна и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа, изјави кусо Талески по распитот во СЈО.

Прашан околу информациите дека од куќен притвор ја води општината тој само одгоори дека има одлука од Обвинителството која тој мора да ја почитува. Во просториите на СЈО битолскиот градоначалник беше околу два ипол часа по што замина во придружба на полициски службеник и адвокатот Никола Додовски.

Од денешниот исказ зависи дали СЈО ќе бара судот да ја продолжи мерката куќен притвор, која на Талески му истекува утре.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

фото: Новатв.мк