Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЗаврши најскапиот развод во историјата: Шеикот не и даде на манекенката колку што бараше

Заврши најскапиот развод во историјата: Шеикот не и даде на манекенката колку што бараше

Еден од најскапите разводи во историјта конечно е завршен, но по судската одлука ниту една страна не отишла дома насмеана. На поранешната супермоделка, Кристина Естрада (54), која го тужеше својот поранешен сопруг, милијардерот Валид Џуфали (61) побарувајќи бракоразводна отштета од 196 милиони фунти, доделени ѝ се само 53 милиони фунти со одлука на судот, пренесува „Дејли мејл“.

Естрада побарала нејзиниот поранешен сопруг да ѝ исплати баснословна сума на пари за да може таа да продолжи со својот лагоден живот, кој го водела досега. Така, навела дека и се потребни 55 милиони фунти за нова куќа, милион фунти годишно за нова облека, половина милион фунти за пет луксузни автомобили. Таа во судницата ронела солзи обидувајќи се да објасни зошто тие пари и се потребни.
estrada advokati
– Јас сум Кристина Естрада. Бев меѓународен топ модел. Живеев таков живот. На тоа навикнав – му порачала Естрада на адвокатот кој го застапува нејзиниот поранешен сопруг.
JEMMA KIDD AT THE ROYAL NAVAL COLLEGE , GREENWICH , LONDON , 03/02/01За тоа време Џуфали во болница во Цирих води битка со ракот, па не присуствувал на рочиштето во Лондон. Нејзините адвокати тврдат дека Џуфали е „тежок“ 8 милијарди долари, Но овој саудсики шеик кој зад себе има три пропаднати брака тврди дека таа бројка е претерана и дека има само 113,8 милиони фунти.

Во изјава за судот изјавил дека поголем дел од своето богатство го оставил за своите три најстари деца, меѓу кои и неговата ќерка со Естрада. Шеикот се разведе од манекенката во 2014 година во Саудиска Арабија под исламските закони. Проблемите во нивниот брак се појавија во 2012 година кога одлучил да се ожени со 25-годишна манекенка од Либан, додека бил во брак со Естрада.