Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗастрашувачка бројка: 600 илјади Македонци ја напуштиле државата

Застрашувачка бројка: 600 илјади Македонци ја напуштиле државата

Застрашувачки 600 илјади иселени Македонци. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 Македонци, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години.

Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на вратите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија, пишува Капитал.

Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, надминува 600 илјади луѓе. До оваа проценка се доаѓа откако ќе се соберат сите објавени податоци за емиграција од меѓународните институции.

Најпрво Светската банка објави дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани, меѓутоа, истражувањето на професорите Весна Јанеска и Сузана Борнарова во една студија за Европската Комисија докажа дека бројката до 2011 година е поголема за околу 97 илјади иселени во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои претходно не биле земени предвид во истражувањето на Светска банка и со тоа достигнува 544 илјади луѓе.

Податоците на ОЕЦД, Светска банка и Евростат покажуваат дека од 2011 година до денес, бројот на македонски емигранти се зголемил за уште речиси 60 илјади граѓани така што сумирано се доаѓа до бројка што остава со „подзината уста“.

Анализата во целост на КАПИТАЛ.