Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТМРО: Собранието уште во 1995 година се откажа од Македонците во соседните земји

ТМРО: Собранието уште во 1995 година се откажа од Македонците во соседните земји

Очекувањата на Македонската јавност дека во договорот за добрососедство со Бугарија ќе стои и признавање на македонскиот народ во Бугарија се забетонирани уште на 05.10.1995 година, реагираат денеска од ТМРО.

– Нема потреба да се лаже и крие вистината од народот за оваа договорена игра пред две децении, кој очигледно долги години се манипулира. ТМРО ја потсетува домашната јавност дека на 5 октомври 1995 или само два дена после атентатот над претседателот Киро Глигоров, тогашниот Парламент неочекувано едногласно го смени државното шеснаесеткрако сонц,е но и го смени Уставот и член 49 со кој се откажавме од Македонците во соседните држави“, велат од ТМРО.

Од партијата истакнуваат дека одговорот на прашањето зошто овој член од Уставот е отстранет треба да се бара од тогашна политичка гарнитура во Македонија.

„Околу деталите на оваа разузнавачко предавничка операција со катастрофални последици денес, одговор треба да дадат Бранко Црвенковски, Стојан Андов и Љубчо Георгиевски или поточно КСИО при ДПМНЕ, кои како тогашна опозиција, треба да објаснат зошто во 1994 се бојкотирани изборите со што свесно е овозможено двотретинско мнозинство – единствено досега, кое тогаш го смени уставот, а последиците доаѓаат денес“, велат од ТМРО