Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаштитените сведоци откриваат нови детали за „Диво насеље“

Заштитените сведоци откриваат нови детали за „Диво насеље“

Судскиот процес против вооружената група која нападна во „Диво насеље“ како и за нивните помошници денеска продолжува со сведочењето на заштитените сведоци од кои дел се полициски службеници кои учествувале во вооружените дејствија на 9 и 10 мај во Куманово.

Поради сведочењата на заштитените сведоци, судот го затвори судењето за јавноста. Судењето ќе биде отворено за јавноста по завршување на сослушувањето на заштитените сведоци. Во судот претходно беа читани исказите на сведоците кои веќе беа дадени на главната расправа за предметот, пред да биде споен со предметот „Молња“ за обвинетите за логистичка поддршка на кумановската група.

Од Косово минатата недела беше екстрадиран обвинетиот Сулејман Османи. Тој треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите 37 обвинети од двата предмети што сега се водат како единствен предмет. Лани на 9 и 10 мај во Куманово групата уби 8 полицајци и рани скоро четириесет.