Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарЗапочнува теретиот ,,Битола Шекспир фестивал"

Започнува теретиот ,,Битола Шекспир фестивал"

,,Битола Шекспир фестивал” ќе го доживее своето трето издание. Од 22 до 28 јули во склоп на фестивалот ќе учествуваат:

Народно позориште од Сомбор, Србија, со претставата „Многу врева за ништо“, театарот „Лит Мун“ од Санта Барбара, САД, ќе настапи со „Хамлет“, Драмски театар од Габрово, Бугарија, ќе ја изведе „Ромео и Јулија“, актерот Ги Сонен од Холандија ќе го изведе перформансот „Сонет за сонет 116“, а ќе гостуваат и два македонски театра – Турски театар-Скопје со претставата „Сон на летната ноќ“ и Народен театар-Битола со премиерна изведба на „Антоние и Клеопатра“ во режија на гостинот од САД, Џон Блондел, со која утре  ќе почне фестивалот.

,,Битола Шекспир фестивал” е во организација на ,,Народен театар Битола” со поддршка од Министерството за култура и општина Битола