Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗапочна судењето за корупција против романскиот премиер Виктор Понта

Започна судењето за корупција против романскиот премиер Виктор Понта

Вчера Врховниот суд во Букурешт го започна судскиот процес против романскиот премиер Виктор Понта, обвинет за за корупција, перење пари и прикривање даноци.

Судот го почна предметот со разгледување на прашањето на законитоста на обвинението а Понта, иако не беше присутен во судската сала, останува на својот став дека не извршил никаква законска злоупотреба и дека не се откажува од својата функција на премиер.

Истрагата се однесува на периодот кога Понта бил адвокат и соработувал со Дан Сова, поранешен министер за сообраќај во неговата влада кој исто така е под истрага поради корупција. Извршниот комитет на владеачката Социјалдемократска партија му изрази поддршка на својот претставник, а од противничкиот табор се очекува да се поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Понта.