Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗапочна реконструкцијата на железничките станици

Започна реконструкцијата на железничките станици

Најавената рекострукција на десетте најголеми желзнички станици во Македонија, вклучувајќи ја и најголемата во Скопје, веќе се реализира. Предвидено е за неколку месеци железничките станици да добијат сосема нов и модерен изглед.

zeleznicka-stanica-Skopje

„Отпочнати се градежните работи и на станиците во Градско и Демир Капија, а останатите ќе бидат воведени во градба веднаш по комплетирање на потребната документација и добивање одобренија за градење. Тоа се железничките станици во: Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Во финална фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Скопје и таа ќе биде комплетно завршена до ноември“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Вкупната цена на сите градежни зафати на 11– те станици изнесува 5 милиони евра. Половина од овој износ ќе се потроши за реконструкција на главната железничка станица во Скопје, а другиот дел за 10-те станици долж коридорот 10.