Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаплашувањето продолжува – Пировска и Најчевска повикани на информативен разговор во полиција

Заплашувањето продолжува – Пировска и Најчевска повикани на информативен разговор во полиција

Продолжува притисок врз граѓанските активисти. Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска, денеска добиле покани, утре да се јават во полициска станица на информативен разговор во врска со сторен прекршок на протестите.
najchevska
Пировска вели дека не чувства вина поради тоа што „во знак на револт фрлала со боја кон зградите на институциите“ и најави дека ќе се обратат до сите меѓународни институции. Пировска порача и дека ваквите „заплашувања од власта нема да ја сопрат да протестира“. Професорката Најчевска вели дека во отсуство на насилни протести власта бара начини да ги заплашува оние кои протестираат.

Вчера, Професорот Гордан Калајџиев доби казна од 50 евра за фрлање боја врз Агенцијата за аудио визуелни уметности, а двајца членови на Левица повеќе од еден месец се наоѓаат во куќен притвор.