Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗамената за Пјаниќ Рома ќе ја бара во Реал

Замената за Пјаниќ Рома ќе ја бара во Реал

Фудалерот на „Кралскиот клуб“ Матео Ковачиќ кој оваа сезона не се наигра во Реал и би можел да се пресели на „Олимпико“, пренесуваат италијанските медиуми. Според овие шпекулации, се е договорено за едногодишна позајмица на фудбалерот, па хрватскиот везист во наредните денови би требало да им се приклучи на екипата на Рома.

Тој ги требало да го замени Миралем Пјаниќ, кој потпиша за Јувентус. Рома бргу најде замена за овој важен фудбалер и тоа повеќе од адекватна, бидејќи Ковачиќ овде ќе ја добие потребната минутажа, а со самото тоа Реал Мадрид добива „бесплатно засилување“ за следната сезона, кога со дополнителното искуство од Лигата на шампионите и Серија А ќе се врати во Мадрид.