Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина младинскиот репрезентативец Иван Нанчески

Загина младинскиот репрезентативец Иван Нанчески

Кошаркарот Иван Нанчески го загуби животот во сообраќајна несреќа во Смедерово, Србија откако во неговото возило директно се судрил камион со приколка. Нанчески настапуваше за младинската кошаркарска репрезентација до 20 години и беше истакнат член на генерацијата која играше Европско Б првенство чиј домаќин беше Македонија во 2009-та. Голем број на спортски работници, кошаркари и фанови изразуваат длабоко жалење за прерано згаснатиот живот на 27 годишниот Нанчески.