Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев убеден дека позитивниот извештај го отвара европскиот пат, но Бугарија се уште се заканува со вето

Заев убеден дека позитивниот извештај го отвара европскиот пат, но Бугарија се уште се заканува со вето

Премиерот Заев не губи надеж дека наскоро ќе започнат преговорите за членство во ЕУ и покрај ултиматумот од страна на Бугарија која има право на вето. Заев го истакна телефонскиот разговор со Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската Комисија во која било потврдено дека позитивниот извештај потврдува дека земјава е подготвена за почеток на преговори.

“Извештајот на Европската комисија потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Во телефонскиот разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се заблагодарив за пакетот за проширување, за позитивниот извештај на ЕК за нашата земја, како и за Економскиот и инвестициски план за поддршка на процесот за остварување на европските стандарди на државите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од своја страна истакна дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ и дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка” информира премиерот Заев.