Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев се пофали со влада помала за седум министри, но кадрите на ДУИ уште висат

Заев се пофали со влада помала за седум министри, но кадрите на ДУИ уште висат

Мандатарот Зоран Заев се пофали дека новата влада која ќе ја предводи ќе има за седум министри помалку во однос на претходниот состав со укинување на неколку вицепремиерски позиции.

Сепак, за да го задоволи коалициониот партнер ДУИ ќе мора да истапи неколку ресори кои ДУИ досега не ги воделе, но и клучната вицепремиерска позиција за политички систем.

Токму ова место е многу значајно за клановите на ДУИ од Струга и Чаир кои не се согласуваат со предложените кандидати меѓу кои Бујар Османи кој требаше да оди во МНР а Артан Груби како прв заменик премиер.

Можни се рокади, односи Бујар Османи целосно да извиси, Груби да оди во МНР, а местото во политички систем да го добие кадар на ДУИ предложен од огранокот од Струга.