Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев премиер четири години, Албанец од ДУИ премиер 100 дена

Заев премиер четири години, Албанец од ДУИ премиер 100 дена

Заев ќе биде премиер во наредниот четиригодишен мандат, а пред следните парламентарни избори ќе биде предложен премиер Албанец од ДУИ кој на оваа функција ќе се задржи 100 дена.

Ова е конечниот компромис кој овозможи да се формира влада предводена од коалицијата Можеме составена од СДСМ и БЕСА и ДУИ, а во новиот владин состав место ќе има и за ДПА со тоа што парламентарното мнозинство ќе изнесува 62 пратеника.

Заев го прекрши ветувањето дека ќе ја испрати ДУИ во опозиција, додека пак Ахмети не успеа да го наметне Насер Зибери за прв премиер Албанец.

Затоа пак “командантите” од Мала Речица ќе добијат важни владини ресори како Министерство за финансии и надворешни работи и најверојатно уште неколку значајни државни тела.

На позицијата спикер на Собранието најверојатно ќе се задржи Талат Џафери, додека пак Димитров може да биде прекомандуван во Министерството за правда.