Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев оптимист дека ќе се решат проблемите со Бугарија

Заев оптимист дека ќе се решат проблемите со Бугарија

Продолжуваат бранувањата околу македонско-бугарските односи во очи на предвидениот почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија. Од официјална Софија, стигнуваат најави за блокада на претпристапниот почеток, а премиерот Зоран Заев во оптимистичка најава истакна, дека и отворените прашања со источниот сосед ќе бидат архивирани.

 

„Знаете дека сме фокусирани на можноста за брзо решавање на ова прашање што е исправено пред нас. Секако, гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија, а тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ. Јас верувам дека сите тие документи, коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавие или шеста историска личност што може да биде одлична можност да не сплотува, да не зближува, да го јакне пријателството и слично. Ќе бидеме внимателни во коментарите заради тоа што знаеме дека треба да постигнеме решение кое ќе носи  придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни  последици за Северна Македонија и на Бугарија“, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференцијата со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон во Владата.

 

Најгласен во најавите за вето е бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД  Красимир Каракачанов, но и европратеникот Андреј Ковачев, но и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.