Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев им се заблагодари на наставниците за напорите во време на пандемија

Заев им се заблагодари на наставниците за напорите во време на пандемија

Заслужени се благодарноста и почитта кон наставниците, за нивната голема посветеност со која им обезбедуваат на сите ученици образование какво што заслужуваат, дури и во услови на пандемија. 👩‍🏫❤️👨‍🏫

По повод Светскиот ден на наставникот, денеска се придружив на кампањата на МОН и УНИЦЕФ – „Наставниците се важни – Учиме од вас. Ви благодариме!“. 🎒 Настанот беше отворен со инсталација со училишни ранци за да им се оддаде признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

Оваа учебна година е различна од сите претходни. 💻 Она што ни дава надеж е неверојатната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам и чувство на општествена одговорност, да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат и да направат сѐ за да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците.

Најискрено и од сѐ срце им се придружувам на пораките што учениците ги испратија до нивните наставници и упатувам срдечни честитки до сите учители и учителки, наставници и наставнички, професори и професорки, по повод денешниот ден, напиша Заев во честитката по повод Светскиот ден на наставниците.