Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев до Билд: Ќе го деблокираме процесот во Парламентот

Заев до Билд: Ќе го деблокираме процесот во Парламентот

Демократските процеси се неопходни за напредокот на Македонија и мора да се овозможат низ почитување на Уставот и законите од сите политички субјекти и институции во државата, заеднички констатирале претседателот на СДСМ Зоран Заев и копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, поранешен премиер на Шведска и шеф на дипломатијата, Карл Билт, соопштија од СДСМ.

Во него се наведува дека домаќините, Заев и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска на Билт му пренеле дека парламентарното мнозинство ја презема обврската да го деблокира демократскиот процес во парламентот согласно Деловникот, Уставот и законите.

„Ќе биде брзо избран новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Тоа е одлука на мнозинството граѓани, изразена на кредибилни избори и сите институции во државата се должни да обезбедат мирен трансфер на власта“, пишува во соопштението.

На средбата било нагласено дека се недозволиви разгорувања тензии и насилства што како што пишува, се противуставно дело на штета на државните интереси и секој кој би се впуштил во такви активности ќе морало да понесе одговорност.

Тема на разговор биле и како што соопштија од СДСМ, недозволивите притисоци што ги правела “власта во заминување врз невладнините организации, за опасноста од блокада на целиот систем на државата ако не се избере нов собраниски претседател кој треба да ги закаже локалните избори, како и за последиците што ги трпат граѓаните и фирмите на економски план“. Покрај со преставници на СДСМ Билт ќе се сретне и со претставници на ДУИ, Беса и ВМРО-ДПМНЕ.